„ДАЗН“, водечката глобална платформа за спортска забава, го најави премиерното прикажување на својот нов оригинален документарен серијал „Volver“ (Враќање). Овој серијал од четири епизоди ќе започне да се емитува на 3 декември, а следните продолженија ќе бидат достапни секоја среда.
Документарецот ја следи инспиративната приказна на Марк Маркез и неговиот пат на надминување на невидени предизвици и повреди за да се врати на врвот на мотоциклизмот, крунисувајќи се со деветтата светска титула.
Сведоштва од спортските икони
За да го раскаже овој подвиг, „Volver“ ги собира најугледните и највлијателни икони на шпанскиот спорт: Рафаел Надал, Фернандо Алонсо, Пау Гасол, Андрес Иниеста и Алексија Путелас. Овие личности, кои ја искусиле спортската големина од прва рака, нудат личен и интимен поглед полн со восхит кон спортистот кој успеа да се предефинира себеси и да се врати против сите очекувања.
Рафаел Надал (22 Гренд слем титули) го опишува достигнувањето на Маркез како: „Импресивен подвиг кој го сместува меѓу најголемите спортисти во историјата.“
Фернандо Алонсо (двократен светски шампион во Формула 1) ја нагласува потребата да се биде свесен за постигнатото: „Треба да имаш разговори со себеси, да ги гледаш сопствените лузни бидејќи, без разлика колку напредуваш, ти сè уште си тој со лузните.“
Пау Гасол (НБА шампион) признава дека многуте операции прават: „Да почнеш да се чувствуваш повеќе како пациент отколку како спортист или личност.“
Алексија Путелас (двојна „Златна топка“) ја истакнува менталната сила на возачот: „Разбирливо е што Марк не сака да запре, кога си во натпреварувачки програмиран, сакаш само да победуваш.“
Андрес Иниеста (херојот од Светското првенство во 2010) коментира: „Чувството и страста што ги имаш за нешто се тие што поместуваат планини, а понекогаш треба да направиш чекор назад за да се вратиш на врвот. Клучот е секогаш во самиот тебе.“
Патот на жртвување и емотивниот момент
Документарецот ги оживува најтемните моменти на Марк Маркез: падот, повеќекратните операции, бескрајната рехабилитација, фрустрацијата и осаменоста на спортистот кој освоил сè. „Volver“ прикажува поинаков Марк, поранлив и похуман, но и поодлучен во својата цел, откривајќи ја вистинската дефиниција за отпорност. Приказната кулминира со неговото дефинитивно враќање и освојување на деветтата светска титула.
Самиот Маркез, по гледањето на видеото, изјави: „Ме натера малку да го преживеам одново чувството од Мотеги, нешто што не ми успеваше овие денови.“
Вистинскиот емотивен интензитет на борбата на Маркез со повредите е очигледен во моментот кога ДАЗН му пушта дел од видеото. Неговата реакција, кога емоциите и чувставата едноставно ќе надвалдеат и тој не може да ги задржи солзите, е сведоштво за огромниот физички и психички товар што морал да го носи за да се врати. Оваа сцена ја нагласува длабочината на неговата жртва и колку тежок и исцрпувачки бил неговиот пат назад кон успехот.
Гостинска статија на Марија Петровска



