„Живеев сон, но морам да преземам одговорност“: Емотивно збогување на Обрадовиќ со „Гробарите“

Објавено:

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ, повеќе не е предводник на Партизан. По тешкиот пораз од Панатинаикос во Атина и катастрофалниот старт на сезоната во Евролигата (една победа и седум порази), легендарниот „Жоц“ одлучи да ја преземе одговорноста и да се повлече од клупата на „црно-белите“.

Обрадовиќ, кој се врати во својот сакан клуб пред четири и пол години со цел да го врати во европската елита, им се обрати на навивачите преку отворено писмо.

„Дојде момент да преземам одговорност“

Во своето емотивно обраќање, Обрадовиќ истакна дека го живеел својот најубав сон, но реалноста на резултатите го принудила на овој чекор.

„Имав желба и цел нашиот Партизан повторно по 10 години да стане дел од Евролигата, успеавме сите заедно во тоа. Натпреварите на нашиот сакан клуб станаа нешто повеќе од кошарка… За жал, дојде момент кога морав да преземам одговорност за сите лоши работи што се случија оваа сезона и да поднесам неотповиклива оставка“, напиша Обрадовиќ.

Оваа сезона Партизан влезе со огромни амбиции и рекорден буџет од 27 милиони евра, но резултатите на теренот не соодветствуваа со вложувањата.

Покушевски и Лесор во неверување

Веста ги шокираше и играчите. Актуелниот кошаркар на Партизан, Алексеј Покушевски, веднаш реагираше на социјалните мрежи.

„Ти си Партизан. Фала ти за сè. Не требаше вака да заврши“, напиша младиот кошаркар.

Се огласи и миленикот на „Гробарите“, а сегашен играч на Панатинаикос, Матијас Лесор, кој не ја заборави довербата што Обрадовиќ му ја укажа.

„Засекогаш легенда! Веруваше во мене кога никој друг не веруваше“, порача францускиот центар.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено