Последна можност за учество на трката од 5 километри на Виз Ер Скопскиот маратон

 

Објавено:

Организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон информираат дека рокот за пријавување е продолжен, давајќи им на сите вљубеници во рекреативното трчање дополнителна можност да бидат дел од еден од најубавите спортски настани во македонската метропола.

Оние кои сè уште не го обезбедиле својот стартен број имаат на располагање само уште неколку слободни места за масовната трка на 5 километри, која е закажана за 4 октомври 2026 година. Регистрацијата е повторно отворена, но истата ќе трае исклучиво до пополнување на преостанатата предвидена квота на учесници. Сите заинтересирани можат да го финализираат своето пријавување преку официјалниот систем за регистрација на линкот од нивната објава на социјалните мрежи.

Среќни сме што и оваа година повторно сме медиумски партнери на овој настан. Нашата екипа посветено ќе известува од терен, овозможувајќи им на читателите навремени информации, резултати и автентични приказни директно од патеката.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено