ЕХФ потврди: Лигата на шампионите се шири на 24 клуба, ова е новиот формат!

Објавено:

Ракометна Револуција: Се менува форматот на елитното натпреварување, познати деталите за групните фази и Европската лига.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за значително проширување на Лигата на шампионите. Од следната сезона, бројот на клубови во елитното натпреварување ќе се зголеми од досегашни 16 на 24 екипи!

И покрај зголемувањето на бројот на клубови, од ЕХФ најавуваат дека бројот на одиграни натпревари ќе остане ист, со цел да се запази меѓународниот календар.

Како ќе изгледа новиот формат?

Новиот систем на натпреварување ќе биде поделен во две групни фази:

Прва фаза: Клубовите ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи.

  • Пласман: Првите две екипи од секоја група се пласираат во втората фаза.
  • Елиминација: Екипите кои ќе испаднат во оваа фаза се префрлаат во Европската лига.

Втора фаза (Главна): Дванаесетте најдобри екипи ќе бидат поделени во две групи со по шест тима.

  • Пласман: Најдобрите четири екипи од секоја група обезбедуваат место во четвртфиналето.
  • Преселба во ЕЛ: Петтопласираните екипи од оваа фаза се префрлаат директно во осминафиналето на Европската лига.

Победниците од четвртфиналните дуели традиционално ќе се пласираат на завршниот турнир (Фајнал Фор) во Келн.

Извор; https://www.mrplay.com/

Видерер: Поголема атрактивност

Претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер, истакна дека оваа реформа е резултат на длабински процес со клубовите, лигите и националните сојузи.

“Нивото на квалитет е многу високо, па натпреварувањето ќе остане исклучително компетитивно, а во исто време ќе ја зголеми својата атрактивност за навивачите, медиумите и партнерите,” изјави Видерер.

Европската лига без квалификации

Во Европската лига и следната сезона ќе настапуваат 32 клуба, но се укинуваат квалификациските натпревари за ова натпреварување.

Дистрибуцијата на местата за Лигата на шампионите и Европската лига по национални сојузи ќе биде утврдена во текот на декември. Од ЕХФ потврдија дека реформата на женските европски натпреварувања е планирана за сезоната 2027/28.

Гостинска статија на Марија Петровска


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено