Експресно „Sold Out“: Ќе нема игла каде да падне за македонското Ел Класико

Објавено:

Кој купи – купи! Тоа е краткото резиме за ракометната треска што ја зафати Битола денес. Од таборот на актуелниот шампион, Еурофарм Пелистер, информираа дека билетите за големото дерби против Вардар 1961 се целосно распродадени за само петнаесетина минути по пуштањето во продажба.

Среда, 18:00 часот – Ден за спектакл

Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде претесна оваа среда (10 декември). Влогот е огромен, Вардар доаѓа во Битола како лидер на табелата со 30 бода, додека Пелистер (26 бода) има императив да победи за да ја задржи неизвесноста во битката за титулата.

Чкембари vs. Комити

Атмосферата ќе зоврие и на трибините. Покрај домашните „Чкембари“ кои ќе ја исполнат салата до последно место, мобилизација има и во Скопје. Навивачката група „Комити“ веќе најави организирано гостување со пораката: „Сите во Битола!“.

Битола е подготвена за најголемиот македонски спортски празник.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено