1.8 C
Skopje

Ѓоковиќ повторно со пораз од Синер во полуфиналето на “Шестте кралеви”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево изгуби од Јаник Синер во полуфиналето на ревијалниот турнир во Саудиска Арабија, “Слемот на шестте кралеви”. Италијанецот го совлада Новак со 6-4, 6-2 во сетови, а иако ова не се рачуна во официјалната статистика, со ова Јаник успеа да го победи Ѓоковиќ во 10 последователни сетови во нивните последни средби.

После поразот, Ѓоковиќ се пошегува на своја сметка велејќи: “Извинете што не гледавте подолг меч денес. Не е по моја вина. По негова е. Јас се обидов да го заплашам малку во последниот гем, но не ми успеа. Ова изгледаше како експресен воз, го маваше топчето од сите агли. Едноставно беше предобар. Со среќа во финалето”.

Јаник Синер во финалето ќе има тешка задача да ја одбрани ланската титула, каде ќе се сретне со својот најголем ривал, Карлос Алкараз. Алкараз во другото полуфинале го совлада Тејлор Фриц со идентичен резултат од 6-4, 6-2 во сетови.

Со ваквите резултати публиката ќе има можност да гледа реприза на ланското финале, а дали повторно ќе му успее на Синер да триумфира останува да видиме.

За повторната средба со Алкараз и дали се радува за тоа, тој денес изјави: “Секогаш се радувам кога треба да се соочам со него. Тоа е одлично за двајцата. Ќе биде одлична борба. Јас ќе се обидам да се подготвам најдобро што можам. Во секој случај, огромна чест да играм против него и се надевам дека ќе им се допадне на сите финалето. Сите се надеваме на одлична вечер”.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено