4.8 C
Skopje

Хамилтон стана првиот возач во историјата на Ф1 што стигнал до 5.000 поени!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Луис Хамилтон е човекот кој сè уште има што да постигне во светот на Формула 1, а со четвртото место на денешната трка во Остин, тој успеа да стигне до уште еден рекорд.

Имено, седумкратниот шампион стана првиот возач во историјата на спортот кој успеал да стигне до импресивната бројка од 5 илјади поени.

Британецот кој во Ферари има горе-долу лоша сезона, овој викенд успеа да се најде во првите пет места, а тоа му беше доволно за да дојде до ова големо достигнување. Но, тимот од Маранело изгледа сè подобро во последните трки, па можно е да го видиме дури и на подиумот во наредните трки.

Дури и самиот Хамилтон беше пооптимистички настроен викендов, откако сезонава го видовме и во многу песимистички изданија.

Тој после вчерашните квалификации изјави дека “Ферари се подобрува во своите процеси”.

“Направивме некои подобрувања во однос на процесите што ги преземаме за време на квалификациите. Пробавме нешто поинакво и всушност успеа, па горд сум на тимот кој е отворен за нови предлози и промени”, изјави тој.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено