Викендов во Бразил Макс Верстапен уште еднаш покажа вистинска шоферска класа и заврши на подиумот откако стартуваше од питот поради промена на моторот.
Минатата година тој извозе маестрална трка исто така на „Интерлагос“ патеката, каде од 17-тото место стигна до победата во услови на пороен дожд. Многумина тогаш беа воодушевени, но истакнаа дека победата беше затоа што Макс е неприкосновен во такви услови. Но, оваа година немаше дожд, па и на сува патека Холанѓанецот одржа вистински Ф1 мастерклас.
Here’s what Max had to say after his epic pit lane to podium race 👇#F1 #BrazilGP pic.twitter.com/SgORzRJp9q
— Formula 1 (@F1) November 9, 2025
Со овој резултат, Верстапен стана возачот кој има стигнато до подиумот од најразлични позиции во Формула 1. Сега во неговата колекција се П1, П2, П3, П4, П5, П6, П7, П8, П9, П10, П14, П15, П16, П17, П18, П20 и боксот (Pit Lane).
Она што му недостасува сега се позициите П11, П12, П13 и П19, за да го заокружи овој неверојатен податок.




