(Инфо) Забава за Топ-16: Пуштени во продажба билетите за Вардар – Тулуз!

Објавено:

РК Вардар 1961 ја заврши главната работа, пласманот во Топ-16 фазата на Европската лига е веќе обезбеден. Сега останува само да се прослави успехот заедно со навивачите на последниот домашен меч од групната фаза.

На 2 декември (вторник), во СЦ „Јане Сандански“ гостува францускиот тим Феникс Тулуз. Ова е идеална прилика за „црвено-црните“ симпатизери да ги испратат своите миленици во главната фаза од натпреварувањето.

Каде и по која цена до билети?

Од клубот информираат дека билетите се веќе пуштени во продажба по популарни цени кои се движат од 200 до 300 денари, во зависност од позицијата во салата.

Билетите може да се набават на билетарницата на салата (секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот) или онлајн преку партнерот за тикетинг на следниот линк:

🎟️ КУПИ КАРТА: ВАРДАР 1961 – ТУЛУЗ

Натпреварот е закажан за 18:45 часот.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено