Катар ГП Водич: Норис смирен по шокот, Саинц бара „ТВ експерти“ да судат, Пирели со ултиматум

Објавено:

Формула 1 караванот пристигна во Катар, а „падокот“ врие од теми кои можат да го решат шампионатот. Од техничките мистерии зад дисквалификацијата на Мекларен, преку дебатата за „судискиот критериум“, па се до новите правила за гумите.

Еве што научивме по првиот ден во Катар:

1. Зошто Мекларен беше дисквалификуван? „Сензорот откажа, а потскокнувањето (porpoising) се врати“

Мистеријата за двојната дисквалификација на Норис и Пјастри во Лас Вегас конечно е разјаснета. Тимот откри дека конзервативниот сетап (повисоко подесен болид) парадоксално предизвикал неочекувано враќање на феноменот на „потскокнување“ (porpoising), што довело до прекумерно трошење на даската под болидот.

Шефот на тимот, Андреа Стела, откри и дополнителен проблем:

„Беше потешко да се следи ситуацијата кај Оскар бидејќи изгубивме еден од сензорите кои го мерат удирањето во подлогата“, призна Стела.

Норис, и покрај ударот, делува смирено: „Бевме побавни поради проблемите, а не побрзи. Разочарани сме, но одиме понатаму“.

2. Возачите бараат промени: Саинц сака „ТВ експерти“ за судии, Расел бара професионалци

Главна тема е и состанокот на возачите со ФИА околу правилата за тркање. Карлос Саинц јавно ги пофали ТВ аналитичарите како Карун Чандок и Џолион Палмер, велејќи дека тие носат подобри одлуки од судиите.

Извор: https://www.the-race.com/

„Мојот идеал за иднината е да нема стриктни насоки (guidelines), туку луѓе кои можат да судат инциденти исто толку добро како овие тројца“, изјави Саинц.

Џорџ Расел се согласи дека системот не чини, но смета дека решението се професионални, платени судии, а не волонтери.

3. Верстапен за тимските наредби во Мекларен: „Јас би им рекол да се е**т!“

Макс Верстапен ја коментираше одлуката на Мекларен да не воведе тимски наредби и да му дозволи на Пјастри да се трка со Норис, иако тоа му оди во прилог на Холанѓанецот.

„Ако тоа ми беше кажано мене, немаше ни да се појавам! Ќе им речев да се е**т (f off). Ако си вистински победник, одиш на победа“, изјави Верстапен во свој стил.

Извор: https://www.the-race.com/

Пјастри потврди дека имало кратка дискусија во тимот, но одговорот бил „не“ за тимски наредби.

4. Правило за гуми во Катар: Максимум 25 круга!

Пирели и ФИА воведоа безбедносно правило за трката во Катар, секој сет гуми смее да се користи најмногу 25 круга. Ова е мерка на претпазливост поради агресивните рабници и брзите свиоци на патеката Лосаил, кои лани предизвикаа микро-оштетувања на гумите. Ова значи дека стратегијата со барем две застанувања во бокс е задолжителна.

Извор: https://www.the-race.com/

Шефот на Хаас, Ајао Комацу, го критикуваше ова како „вештачко уништување на трката“, додека Марио Исола од Пирели тврди дека безбедноста е на прво место.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено