Лазаров добива „бомбардер“: Дмитро Хориха од април ќе игра за Македонија!

Објавено:

Ракометната репрезентација на Македонија ќе добие огромно засилување во бековската линија. Левиот бек на Вардар, Дмитро Хориха, официјално потврди дека ја прифатил поканата да го облече „црвено-жолтиот“ дрес.

Украинецот, кој неодамна доби македонски пасош, во ексклузивна изјава за „МакСпорт“ откри дека веќе разговарал со селекторот Кирил Лазаров и дека одбројува до моментот кога ќе дебитира.

„Сакам да играм за Македонија, се е договорено!“

„Да, секако, сакам да играм за репрезентацијата. Тоа беше еден од условите за да го добијам пасошот. Веќе разговарав со селекторот и сѐ е одлично! Трите години пауза завршуваат во април 2026. Потоа сум подготвен 💪🏼“, изјави Хориха.

Што значи ова за репрезентацијата?

Хориха е познат по својот разорен удар од левата бековска позиција, нешто што често ѝ недостасуваше на Македонија по повлекувањето на Филип Талески од таа улога на класичен шутер. Со неговото доаѓање, Лазаров добива сериозна опција во нападот, особено за шут од дистанца.

Хориха (28 години, 196 см) има богато искуство играјќи за Мотор Запорожје, Нава (Шпанија) и Екс (Франција), а од оваа сезона е еден од лидерите на Вардар.

Македонија со Хориха во составот ќе биде значително поопасна во квалификациите и на големите натпреварувања. Сега, останува само да го дочекаме април 2026!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено