5.8 C
Skopje

Лазаров за Манасков: Го повикав зошто е светска класа, но тој одби – немам што да кажам!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, за првпат јавно и директно проговори за одлуката на Дејан Манасков да го одбие повикот за враќање во националниот тим.

Лазаров беше краток, но јасен, потенцирајќи дека ја исполнил својата обврска да го повика играчот кој е во најдобра форма, но одлуката на крилото била конечна. “Дејан игра во одлична форма, особено последните два месеци и поради тоа доби повик. Тој го одби повикот да игра за Македонија и немам што да кажам. Моја обврска е да ги повикам оние кои играат во најдобра форма. Го направив тоа, го повикав и мислев дека ќе бидеме поквалитетни со него на крилната позиција. Манасков во последно време покажува врвна светска и европска класа, но одиме напред“, изјави Лазаров.

Со оваа изјава, селекторот става точка на сагата која ја разбранува ракометната јавност, откако Манасков со отворено писмо објасни дека одбива да игра поради нарушените односи со Лазаров. Иако Лазаров признава дека станува збор за играч од “светска класа”, неговата порака “одиме напред” јасно става до знаење дека репрезентацијата ќе мора да продолжи без услугите на искусното крило.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено