16.8 C
Skopje

Македонија против Јапонија во Куманово, билети по 100 денари!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Спортска Станица упатува повик до сите спортски фанови во Куманово и околината! На 1 ноември (сабота), со почеток во 16:00 часот, македонската ракометна репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Јапонија во спортската сала во Куманово.

Ова е единствена можност да покажеме дека ракометот се сака во секој дел од нашата земја. Ги повикуваме сите навивачи, љубители на спортот и патриоти да ја исполниме спортската сала до последното место и да создадеме пеколна атмосфера за нашите ракометари. Да докажеме дека цела Македонија стои позади ракометната репрезентација!

Влезниците се веќе пуштени во продажба по повеќе од атрактивна и симболична цена од само 100 денари, а своето место можете да го обезбедите веднаш со купување онлајн преку karti.com.mk mktickets.mk

Ајде Куманово, ајде Македонијо! Сите во сала! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено