12.8 C
Skopje

Марк Маркез се огласи после страшниот пад и повредата во Индонезија

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот шампион Марк Маркез на најсуров можен начин ќе мора да ја прекине победничката низа, откако денес беше повреден во трката во Индонезија по грешката на возачот Марко Бецеки.

Бецеки кој ја имаше освоено пол-позицијата за денешната трка, направи голема грешка по што се судри директно со Шпанецот.

Маркез се огласи после инцидентот, известувајќи ја јавноста дека станува збор за скршеница на клучната коска, по што ќе се упати во Мадрид на дополнителни испитувања.

Тој сепак во неговата објава замоли да нема негативни реакции кон неговиот колега Бецеки.

“Ова не е најдобриот начин да се прослави шампионатот, но тоа е тркањето. Денес ќе одлетаме во Мадрид, каде докторите ќе ја евалуираат ситуацијата. Ве молам, без напади и лоши чувства кон Марко, никој не ги прави овие работи намерно”, напиша возачот кој само неодамна ја емотивно ја прослави својата нова шампионска титула после тешкиот период во кој отсуствуваше поради повреда.

И Бецеки потоа се огласи на социјалните мрежи и му се извини на Маркез: “Денес направив грешка и за жал таа го вклучуваше и Марк. Многу ми е жал, му се извинувам нему и на целиот негов тим. Сега е време да се поправам и себе си”.

Колку ќе отсуствува Марк од патеките останува да дознаеме во наредниот период, а само може да се каже дека ова е голема штета за МотоГП и извонредната победничка низа на Шпанецот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено