9.8 C
Skopje

Норис на пол-позицијата во Мексико, Ферари конечно се “разбуди”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Повторно Мекларен на пол-позицијата, но овој пат тоа е Ландо Норис кој извозе можеби најдобар личен круг сезонава за да дојде до првото место на утрешниот грид. Ако се земе во предвид дека неговиот тимски колега Оскар Пијастри, кој впрочем е и неговиот најголем ривал за титулата, се најде дури на шесттото место, Норис има и тоа како на што да се надева утре.

Ферари конечно сезонава покажаа добар перформанс на двата болида, па заслужно Шарл Леклер се најде на второто, а Луис Хамилтон на третото место.

Макс Верстапен имаше големи проблеми со болидот кој едвај се контролираше, па откако Џорџ Расел успеа да извози подобро време, тој падна дури на петтото место, што ја намалува шансата за неговата борба за титулата.

Извор: https://x.com/F1

По квалификациите, Ландо кој освои прва пол-позиција за Мекларен во Мексико, не ја криеше својата возбуда од резултатот: “Многу сум среќен што сум на пол после толку време, не чувствував дека кругот е нешто особено, па кога ја поминав линијата и го видов времето бев презадоволен”.

На прашањето која е тајната на неговиот успех во последните неколку трки, каде очигледна е подобрената форма, тој низ шега одговори: “Не спијам добро во последно време, може тоа е клучот. Шега на страна, пробувам да се фокусирам на она што го контролирам и тоа е тоа”.

“Тука сум за да победам, но знам дека ќе има брзи момци зад мене и очекувам борба”, додаде тој.

Што се однесува на условите на ваквите патеки, возачот на Ферари, Шарл Леклер одговори: “Болидотот многу се лизга на ваквите патеки и секогаш е голем предизвик да се извози без грешки, така што задоволен сум од денешниот резултат. Ќе ни значи многу утре да победиме на трката. Ќе се фокусирам на стартот и првиот свиок, па ќе видиме”

“Многу сум среќен и почестен сум што сум тука со Шарл и Ландо, бидејќи тие беа многу побрзи од мене сезонава, па среќен сум што се наоѓам во првите три за прв пат во квалификациите сезонава. Третата позиција е совршено место за старт на оваа патека, па ќе пробам да го искористам тоа максимално”, изјави искусниот Хамилтон.

Во секој случај, Мексико уште еднаш се покажа како навистина неизвесна патека, а работите на врвот на табелата би можеле да се променат уште утре.

Погледнете како изгледа целосниот редослед за утрешната трка за Големата награда на Мексико.

Извор: https://x.com/F1

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено