Пеколот во „Боро Чурлевски“ е подготвен: Европскиот владетел Магдебург пристигна во Битола!

Објавено:

Битола вечерва нема да спие. Градот на конзулите е подготвен за уште една голема ракометна вечер, каде што „Чкембарите“ и Еурофарм Пелистер ќе го пречекаат најмоќниот тим во Европа во моментов – Магдебург.

Германската машинерија, која сезонава гази сè пред себе со скор од 8/8 во Лигата на шампионите, доаѓа со сите свои ѕвезди. Омар Инги Магнусон, Гисли Кристијансон, Феликс Клар и останатите асови на Бенет Вигерт ќе го почувствуваат битолскиот пекол.

Гарабаја: Дома е поинаку

Тренерот на пелистерци, Рубен Гарабаја, е свесен за тежината на задачата, но верува во своите момци и во публиката.

„Не е лесно да се игра тука, во оваа атмосфера. Верувам дека ќе биде поинаку за разлика од првиот меч во Германија“, вели Шпанецот.

Радивојевиќ: Имаме најдобри навивачи во ЛШ!

Искусниот Богдан Радивојевиќ испрати јасна порака до ривалот.

„Сметам дека се најдобра екипа во светот во моментов. Но, ние имаме далеку најдобро навивање во Лигата на шампионите. Сигурно нема да им биде лесно“, порача српското крило.

Еурофарм Пелистер ќе биде ослабен со неиграњето на голманот Сеид Хеидарирад (во тимот е Давид Брестовац), но мотивот е огромен. Натпреварот започнува во 20:45 часот.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено