По големата победа во Битола, шампионот Еурофарм Пелистер вечерва (18:45 часот) му гостува на ПИК Сегед во Унгарија, со цел да докаже дека триумфот не бил случајност.
Тренерот Рубен Гарабаја е свесен дека реваншот ќе биде потежок, но нагласува дека тимот е речиси комплетен и подготвен за борба.
„Задоволни сме од триумфот во Битола, но внимателни пред реваншот. Ќе биде потешко, тоа е сигурно. Но, тимот е скоро комплетен и ќе имаме поширока ротација. Ако можеме, сигурно ќе се бориме за пласман во втората рунда“, изјави шпанскиот стратег.
Абутовиќ: „Ги изненадивме во Битола, не се предаваме ниту таму!“
Столбот на одбраната, Илија Абутовиќ, смета дека „фармацевтите“ се во нагорна линија и дека адаптацијата на новата филозофија е завршена.
„Ги изненадивме во Битола и сигурно нема да одиме кај нив со бело знаме. Периодот на адаптација е готов… Чекориме во нагорна линија“, порача искусниот дефанзивец.
Во составот на Пелистер има една промена, на местото на Нејц Цехте, кој замина во Бундеслигата, во тимот е младиот Алем Хаџиќ.
Натпреварот започнува во 18:45 часот во „Пик Арена“. Судии се браќата Мартинс од Португалија.
Среќно момци! 💚

Следете нè: Facebook | Instagram | X



