Ред Бул прави „чистка“: Хаџар оди кај Макс, Линдблад дебитира, крај за Цунода?

Објавено:

Формула 1 светот го чека вторник со задржан здив. Според последните информации кои протекоа по трката во Катар, Ред Бул подготвува целосна реконструкција на својот возачки кадар за 2026 година.

Шефот на тимот, Лоран Мекис, потврди: „Во вторник ќе објавиме кој ќе вози.“ А сценариото изгледа вака: Исак Хаџар влегува во „големиот тим“, 18-годишниот Арвид Линдблад дебитира во Ф1, а Јуки Цунода е пред отказ!

Цунода лета од Ред Бул, Хаџар е новиот партнер на Макс?

Јапонецот Јуки Цунода, кој оваа сезона го замени Лиам Лосон во главниот тим на Ред Бул, не ги оправда очекувањата. Со само 33 освоени поени (помалку и од Хаџар и од Лосон во „РБ“), тој најверојатно ќе го загуби местото до Макс Верстапен.

Новиот „избран“ е француската сензација Исак Хаџар, кој импресионираше во јуниорскиот тим и веќе се чувствува подготвен за големата сцена.

Линдблад дебитира, Лосон и Цунода во битка за преживување

Вистинската драма е во сестринскиот тим „Racing Bulls“. Едното седиште е речиси резервирано за супер-талентот Арвид Линдблад (18), кој воодушеви на тренинзите во Силверстоун и Мексико.

Ова значи дека останува само ЕДНО слободно место во Ф1 семејството на Ред Бул за 2026 година. За него се борат Лиам Лосон и Јуки Цунода. Лосон заврши 9-ти во Катар и донесе важни бодови, додека Цунода (чиј главен спонзор Хонда си заминува) е во незавидна позиција. Губитникот во оваа битка најверојатно останува без ангажман или ќе мора да се задоволи со улога на резервен возач.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено