Ред Бул со комична порака до ривалите: Болидот е ист како и минатата недела!

Објавено:

Полека, но сигурно започнува викендот во Катар, а неизвесноста за шампионската титула расте… Откако Мекларен имаа двојна дисквалификација во Лас Вегас поради подот на болидот, Макс Верстапен сега има шанса да ја намали разликата пред финалната трка во Абу Даби.

Па, во моменти кога тензијата расте, а полека се откриваат картите на тоа што се сè правело за да се обезбеди предност, Ред Бул решија да се пошегуваат со своите конкуренти во Катар.

Тие на својот болид залепија испринтан лист на кој пишува: „Ист е како и минатата недела“, шегувајќи се дека нема потреба ривалите да се мачат и да проверуваат дали Ред Бул крие некое изненадување за викендов.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено