Сесвете го шокираа ракометниот свет, Вардар им доаѓа на мегдан

Објавено:

Ракометениот клуб Сесвете го оствари најголемиот дострел во својата европска историја. Со гостинска победа во Тулуз, тимот собра пет бода во ЕХФ Европската лига, со што е во игра за сензационален пласман во нокаут-фазата!

Сесвете ги изненадија сите! По триумфот на гостински терен во Франција, тие сега имаат пет бода во групната фаза, што е нивен историски максимум во Европската лига. Иако не се изразени фаворити за понатаму, шансата е жива: Тулуз е елиминиран, а Сесвете се подготвени за клучните дуели.

Следен предизвик е нашиот гигант Вардар, кој во вторник пристигнува во Јелковец, предводен од легендарниот Иван Чупиќ на тренерската клупа.

Брилијантна одбрана и неверојатен Свржњак

Во Тулуз, екипата ја повтори брилијантната изведба од минатата недела. Тие брзо се прилагодија на противникот, одиграа брзо и ги неутрализираа најголемите адути на Французите. Периќ бранеше одлично, а одбраната со Раужан и Томиќ во средината, покажа нова, подобра енергија, и покрај отсуството на Шукер.

Клучни играчи беа младите: Тончи Иванишевиќ, кој експлодираше во нападот и одбраната, и особено Патрик Свржњак, кој имаше неверојатен учинок од 10 гола од 10 обиди – подвиг против врвните голмани Летенс и Молер. Искусниот Иван Думенчиќ делуваше како вистински диригент, а Баковиќ и Финек ги решаваа сите клучни моменти.

Иван Думенчиќ, еден од најискусните во тимот, не ја криеше радоста: „Го изненадивме целиот ракометен свет. Момците гинат еден за друг, имаме пет бода и сме во дебела шанса за пласман во следната рунда. Тие го одложија првенството за да се подготват за нас, а ние патувавме до Тулуз, пред тоа до Метковиќ, постигнавме 37 гола, а претходно 32 дома против Французите… Навистина не знам што повеќе да кажам.“

Извор: https://mrk-sesvete.hr/

Подготвени за Вардар

Иако петте бода се веќе историски успех, во клубот каде главните потези ги влече уште една легенда на хрватскиот ракомет – Игор Вори, се свесни дека можеле да имаат и повеќе. Тие беа израмнети со Вардар во Скопје и испуштија победа дома против Кристијанштад, иако водеа со +3 на пет минути до крајот.

Патрик Свржњак ја потврди тимската хемија: „Покажавме дека сме вистинска екипа. Одигравме одличен натпревар, одговоривме на секое барање што противникот го постави пред нас и тоа е одлична подлога за она што нè чека.“

Идната недела во Јелковец пристигнува Вардар, водечкиот тим во групата. И покрај оправданата еуфорија во Сесвете, македонскиот тим е фаворит, но хрватскиот тим веќе докажа дека може да ги сруши сите прогнози. Ова е натпревар кој се чекаше со години!

Гостинска статија на Марија Петровска


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено