Вардар одигра маестрален натпревар во Сесвете, декласирајќи го хрватскиот претставник со убедливи 38-24 и обезбедувајќи пласман во следната фаза. Тренерот на „црвено-црните“, легендарниот Иван Чупиќ, не го криеше задоволството од изданието на своите играчи, но и емоциите од враќањето дома.
Во изјава за Germanijak, Чупиќ истакна дека резултатот можеби изгледа лесен, но е плод на „гризање“ од првата до последната минута.
„Играчите одеа со глава во ѕид“
„Срцето ми е полно кога гледам дека се борат, дека одат со глава во ѕид, дека го слават секој гол. Демонстриравме наша игра, онака како што тренираме“, изјави Чупиќ.
За Скопје и желбите за хрватските клубови
За Чупиќ, гостувањето во Загреб беше посебно, но тој не заборави да ја истакне својата поврзаност со Македонија.
„Секогаш е убаво да се вратиш дома. Но, Скопје е мојот втор дом. таму поминав многу години“, рече Чупиќ, додавајќи џентлменска порака до ривалите: „Ќе навивам и за Сесвете и за Нексе да презимат во Европа, бидејќи многу вложуваат и го заслужија тоа“.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



