18.8 C
Skopje

Вардар се “испоти”, но го скрши отпорот на незгодниот Сесвете!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

РК Вардар 1961 со победа ја започна својата нова европска авантура. Во првото коло од групната фаза во Лигата на Европа, македонскиот вицепрвак вечерва во СЦ “Јане Сандански” го совлада хрватскиот Сесвете со 34:29, во натпревар со многу осцилации, но и со среќен крај за “црвено-црните”.

Иако на крајот победата е убедлива, избраниците на Иван Чупиќ мораа добро да се испотат за да го скршат отпорот на мотивираниот противник, кој во два наврати успеа да се врати од голема негатива.

“Ролеркостер” во „Јане Сандански“: Од +6 до егал, па до сигурна победа

Вардар го започна натпреварот фуриозно. Со цврста одбрана и брзи голови, веќе во 12-тата минута имаше предност од +5 (9:4). Но, гостите предводени од поранешната хрватска легенда, Игор Вори, не се предадоа и до крајот на полувремето успеаја да се вратат во игра, намалувајќи на 19:15.

Слично сценарио видовме и на почетокот на вториот дел. Вардар повторно тргна силно, стигна до највисоки +6 (21:15), по што следуваше неверојатен пад. Гостите направија серија од 6:0 и во 42-та минута израмнија на 21:21.

Сепак, во тие клучни моменти, искуството и квалитетот на вардарци дојдоа до израз. Предводени од расположените Дмитро Хориха, Николас Боно и Тузолана, “црвено-црните” направија нова серија, ја вратија предноста и на крајот рутински го приведоа натпреварот до крај за конечни 34:29.

Извор: https://www.facebook.com/rkvardar

Хориха, Боно и Тузолана го водеа Вардар до триумф

Најефикасен во редовите на Вардар беше Украинецот со македонски пасош, Дмитро Хориха, кој постигна 7 гола. Одлична партија одиграа и Николас Боно и Мишел Жуниор Матиаба-Тузолана со по 6 погодоци. Кај гостите, незапирлив беше Златко Раужан со 9 гола.

Следниот предизвик за Вардар во Лигата на Европа е гостувањето кај францускиот Тулуз на 21 октомври.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено