18.8 C
Skopje

Вашеро пречекан од принцот на Монако! Не стивнуваат реакциите по победата во Шангај

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Валентин Вашеро направи вистинска сензација на тенискиот турнир во Шангај, каде од место во квалификациите стигна до освојување на трофејот во финалето кое го играше со неговиот братучед Артур Риндеркнеч.

Емотивната церемонија при доделувањето на трофеите го освои спортскиот свет, а Вашеро се стекна со огромна светска слава поради неговиот неочекуван успех.

И самиот тенисер беше збунет по победата во полуфиналниот меч после Новак Ѓоковиќ, па изјави дека “додека Ноле му честитал на мрежата, тој го слушал како да е мало дете фан”.

Сега Вашеро се врати дома во Монако, каде најпрво беше пречекан од група поддржувачи на аеродромот во Ница, а потоа и од самиот принц на Монако. Оваа чест ја доби откако тој стана првиот тенисер од малата кнежевина кој успеал да освои Мастерс турнир.

Сите честитки се заслужени, а ние се надеваме дека тој ќе ја одржи оваа форма за да може почесто да го гледаме на тениските терени на големите турнири.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено