12.8 C
Skopje

Верстапен на пол-позицијата, лоши квалификации за Пијастри

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Макс Верстапен сè повеќе изгледа како да се враќа на старите патеки после лошиот старт на сезоната со многу проблеми со болидот, па и со причина предизвикува немир во редовите на шампионскиот тим на Мекларен.

Откако денес победи на спринт трката, каде двајцата шофери на Мекларен останаа без бодови поради излетување по големиот хаос на стартот, вечерва Верстапен ја освои и пол-позицијата за Големата награда на Тексас.

“Болидот беше доста добар денес, имаше силни перформанси. Малку беше предизвикувачки со ветерот и топлото време, но имавме добра контрола и успеавме да ја оствариме целта”, изјави Макс после квалификациите.

Иако Мекларен се соочуваа со проблеми на квалификациите, сепак Ландо Норис успеа во самиот финиш да дојде до втората позиција, додека Оскар Пијастри заврши дури на шесттото место.

“Денес малку беше помачно од вчера, не знам од која причина. Условите беа исто доста потешки, имавме доста силен ветер”, изјави Норис. На прашањето што очекува од утрешната трка, тој како на шега одговори: “Да не бидам удрен”

Трет, помалку изненадувачки со оглед на перформансте на болидот викендов, заврши Шарл Леклер во Ферари, а четврти ќе стартува Џорџ Расел во Мерцедес.

И самиот Леклер беше изненаден од резултатот: “Со оглед на тешкиот викенд, ова е доста изненадувачки резултат. Ќе треба да ги погледнеме податоците да видиме што е тоа што го прави болидот некогаш подобар од што очекуваме. Нашиот болид е обично подобар во трка, отколку во квалификациите, така што ќе видиме како ќе биде утре, ќе пробам да останам фокусиран”, изјави возачот од Монако.

Погледнете го целосниот распоред за утрешната трка во Остин.

Извор: https://x.com/F1

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено