Неверојатен круг, прецизност и шоферска дрскост – рецептот за Макс Верстапен повторно да се најде пред “папаја” тимот. Уште еднаш Макс Верстапен покажа зошто изминативе четири години е шампион и ја освои пол-позицијата за спринт трката во Остин.
Иако од стартот на тренинг сесијата денес, па сè до завршницата на квалификациите изгледаше дека Ландо Норис ја држи ситуацијата под контрола со постојаното водство, сепак Макс повторно во последниот круг успеа да го постави најдоброто време и да излезе на врвот на табелата пред Мекларен дуото.
Mighty Max! 🦁
He’s our polesitter for tomorrow’s #F1Sprint in the States 👊#F1 #USGP pic.twitter.com/6RI3apqxlY
— Formula 1 (@F1) October 17, 2025
Втор утре ќе стартува токму Норис, а веднаш зад него, во вториот ред ќе биде лидерот на шампионатот, Оскар Пијастри. Изненадување имаме на четвртата позиција, каде неверојатниот Нико Хулкенберг успеа да го донесе болидот на Кик Саубер.
На петтата позиција ќе стартува Џорџ Расел во Мерцедес, а одлични квалификации со оглед на болидот кој го вози имаше и Фернандо Алонсо, кој се најде на шесттата позиција.
Погледнете го стартниот грид за утрешната спринт-трка во Тексас!
