Верстапен за титулата: “Шансите се 50/50! Или ќе освојам, или нема”

Објавено:

Ако пред неколку трки сите беа убедени дека трката во борбата за шампионатот сезонава ќе се одвива меѓу двата шофери на Мекларен, Оскар Пијастри и Ландо Норис, некако изгледа како во последно време четирикратниот шампион Макс Верстапен да ги демне во ретровизорот.

Одеднаш сите почнаа да го ставаат во разговорите за титулата, а познавајќи го, Холанѓанецот не е некој што треба прерано да се отпише.

Но, изгледа дека тие гласини не го потресуваат многу, па тој во негов стил пред медиумите во Тексас, се пошегува на таа тема.

Прашањето на новинарот “да му даде процент за неговите шанси за освојување на титулата”, Макс одговори во негов стил.

“Неодамна Ландо Норис беше запрашан колкави се шансите ти да ја освоиш титулата годинава и тој рече 10%. И Расел беше запрашан за истото, а неговиот одговор беше 100%. Претпоставувам дека вистината е некаде измеѓу, па можеш ли ти да ни дадеш процент што мислиш дека би ги претставувал твоите шанси?”, беше прашањето на новинарот.

50/50. Тоа се шансите”, одговори низ насмевка Макс. “Или ќе ја освојам титулата, или нема”.

Инаку, интересните изјави на Макс не застанаа тука. Тој на коментарот од новинарите и дали мисли дека Мекларен го фаворизира Ландо пред Оскар, тој низ смеа одговори: “Апсолутно! Сум слушнал нешто”.

А, на прашањето за “папаја правилата”, алудирајќи на тоа дека од Пијастри неколкупати беше побарано да ги замени позициите со Норис, тој рече дека тој “не би ги послушал наредбите, но не би ни имало потреба за такво нешто, бидејќи да возел во Мекларен разликата меѓу него и тимскиот возач не би била толку тесна во поени”.

Очигледно Верстапен е повеќе од расположен викендов да нè почасти со интересни изјави, па ќе видиме што друго ќе изјави во Остин.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено