Иако од синоќа на големо по социјалните мрежи се шират видеа од поплавите во Лас Вегас, денес од лице место новинарот на реномираниот „The Race“ ги смири фановите дека трката сепак ќе се одржи викендов.
Според првичните видеа од улиците каде се вози трката ситуацијата изгледаше доста драматично… вода, пороен дожд и преплавени улици. Ако се земе во предвид дека раководството на Формула 1 претходно го има одложувано стартот на трката за многу помало количество за вода на патеката, веднаш започнаа шпекулациите дека викендов трка ќе нема.
Сепак, според новинарот на „The Race“, ситуацијата на терен е далеку од драматична. Како што објаснува тој во видеото, самиот дизајн на улиците е водата да истекува во одводните канали надвор од градот.
☁️ Here’s an update on the situation in Las Vegas after videos of flooding began circulating yesterday: pic.twitter.com/YTMLn9gpfs
— The Race (@wearetherace) November 19, 2025
Според неговото видео, патеката е веќе речиси сува, откако поголемиот дел од водата е веќе во одводните канали. Бидејќи Лас Вегас е град кој е изграден на сред пустина, неговата местоположба не е многу поволна во случај на поплави, па поради тоа градот и одводните канали се дизајнирани на тој начин.
Така што, ако веќе сте ги виделе драматичните видеа од Лас Вегас, можете да бидете мирни – трка ќе има! Само прашањето е дали ќе ви се станува во 5 наутро… 🙂



