Макс Верстапен влегува во претпоследниот викенд од сезоната во Катар со 24 поени заостанување зад лидерот Ландо Норис. Иако шансите за петта титула изгледаа загубени уште летоска, актуелниот шампион се наоѓа во позиција каде што еден совршен викенд може да го врати на врвот.
Во ексклузивно интервју, Холанѓанецот отворено зборуваше за „подарената“ шанса од Мекларен, за своите грешки во Барселона и за менталитетот со кој влегува во финишот.
„Мислев дека сè е готово после Зандворт“
Верстапен признава дека во еден момент од сезоната, титулата изгледала како невозможна мисија.
„Искрено, мислев дека е готово. По трката во Зандворт разликата беше огромна. Но, ние го разбравме автомобилот подобро, а во исто време, Мекларен не ги максимизираше своите викенди. Се појавија грешки кај нив“.
Бруталната вистина за Мекларен
Највпечатливиот момент од интервјуто е „ладнокрвната“ анализа на Верстапен за тоа зошто Ред Бул сè уште е во игра. Тој смета дека ако тој и неговиот тим го имале болидот на Мекларен, првенството одамна ќе било решено.
„Ние сме сè уште во оваа борба поради туѓите неуспеси, а не само поради она што ние го направивме. Ако ние бевме во позиција да имаме толку доминантен автомобил каков што имаа тие, шампионатот ќе беше завршен многу одамна“.
„Немам што да загубам, одам ’All In’“
Со 24 поени негатива (намалена од 42 по дисквалификацијата на Мекларен во Лас Вегас), притисокот е врз Норис.
„Треба да бидеме реални, 24 поени се многу. Дури и ако сè оди совршено, потребна ми е среќа. Но, тоа го прави полесно за мене, немам што да загубам. Одиме ’all in’ (на сè или ништо). Ако успее – супер, ако не, тоа е тоа“.
За инцидентот во Барселона и 2026
Макс се осврна и на своите грешки, конкретно на нервозата во Барселона, признавајќи дека жали за начинот на кој реагирал, но нагласи дека тој момент не ја дефинира сезоната. За претстојната 2026 и новите мотори на Ред Бул, тој останува претпазлив: „Нема гаранции, ќе биде многу тешко, но верувам во луѓето што ги имаме“.
“Five is better than four”
— Formula 1 (@F1) November 27, 2025
Max Verstappen sits down with Chris Medland to reflect on his season so far and share his thoughts on the 2025 title fight, with two races left in his push for a fifth world championship 🤩#F1 #QatarGP pic.twitter.com/jhJa1OpkIz
Следете нè: Facebook | Instagram | X



