9.8 C
Skopje

(Видео) Немоќ во калта во Битола: Полска ни одржа лекција, Македонија без удар во рамки на гол!

Објавено:

Тежок терен, дожд и уште потешка игра на нашите надежи. Младата репрезентација на Македонија (У21) го претрпе и петтиот пораз во квалификациите за ЕП 2027, овојпат од лидерот во групата, Полска, со минимални 0-1 во Битола.

Еден момент на невнимание реши сè

Полјаците, кои имаат перфектен учинок (6/6), ја оправдаа фаворитската улога и подобро се снајдоа на натопениот тревник на стадионот „Петар Милошевски“.

Клучниот момент се случи во 33. минута. По центаршут од десната страна, нашата одбрана заспа, а Габриел Коцаба остана сам и со глава ја затресе мрежата на Василев.

Без идеја и со играч помалку

Она што загрижува повеќе од поразот е немоќта во нападот. Избраниците на Горан Станиќ за 90 минути не успеаја да упатат ниту еден директен удар во рамките на противничкиот гол.

Сите надежи за евентуално реми згаснаа во 78. минута, кога Адријан Димески заработи втор жолт картон и беше исклучен, оставајќи ја Македонија со десетмина на теренот.

Со овој пораз, Македонија останува на претпоследното место во групата со само 3 бода, додека сонот за Европско првенство е веќе теорија.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено