Европската кошарка не мируваше во четвртокот, а најголемо внимание привлече дуелот на Црвена Звезда која стигна до шесттата последователна победа на Евролигата.
Во спектакуларен дуел во Тел Авив, Црвена Звезда го победи Макаби со 99-92 и го продолжи серијалот на победи под водство на Обрадовиќ. Коди Милер-МакИнтајр блескаше со 23 поени и 11 асистенции, додека Чима Монеке запиша 16 поени и 8 скокови. Ебука Изунду ја закова конечната победа со 11 поени во последната четвртина. Дуелот беше полн со пресврти, а тимот од Белград успеа да го издржи притисокот на домаќинот и да ја задржи контролата во клучните моменти. Со овој триумф, Звезда се искачи на скор 6-2 и најави сериозна амбиција за плејофот.
На другите терени, Жалгирис го декласираше ЛДЛЦ АСВЕЛ со 96-59, при што сите 11 играчи на терен дадоа поени, а Силван Франциско заврши со 15 поени и 7 асистенции.
Баерн Минхен победи над Виртус Болоња со 86-70 благодарение на одличната игра на Андреас Обст (21 поен) и стабилната завршница на Спенсер Динвиди.
Валенсија со последниот шут го победи Дубаи Баскет со 80-78, а Милано го надмина Париз со 86-77, додека Реал Мадрид го декласираше Фенербахче со 84-58 и се врати на победнички пат.


