11.8 C
Skopje

Алкараз: “Новиот терен во Париз е поспор, ќе гледаме вистински тенис!”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, пред настапот на турнирот во Париз, зборуваше со новинарите за новите терени и разликата во однос на минатата година.

“Скроз е поразлично од претходната година. Теренот е многу поспор, но мене ми се допаѓа што е така. Можеме да видиме вистински тенис, со долга игра. Не само сервиси и кратки поени”, изјави тој.

На прашањето дали лично нему повеќе би му одговарале ваквите терени, тој рече: “За мене, тоа е добра брзина. Отсекогаш сум кажал дека преферирам поспори подлоги”.

Алкараз се осврна и на неговата игра на затворените терени: “Не би рекол дека сум лош на затворено, но другите играчи се подобри од мене. Сепак, мислам дека се подобрувам секоја година и верувам дека можам да одиграм добро на оваа подлога”.

Шпанецот ќе има можност со настапот на овој турнир да ја зацврсти својата позиција на АТП листата, а таму секако ќе биде и неговиот најголем ривал Јаник Синер.

Од турнирот во Париз досега се откажаа Новак Ѓоковиќ, кој таму има славено дури 7 пати и има 50 победи во 59 натпревари, како и грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено