Младиот бразилски тенисер, кој има само 19 години, стигна до својот прв трофеј на Мастерс 500 турнир, откако вчера на турнирот во Швајцарија го совлада Шпанецот Алехандро Давидовиќ со 6-3, 6-4 во сетови.
Овој резултат го вивна младиот тенисер на АТП листата, каде стигна до својот најдобар пласман на 28-то место, откако пред овој турнир беше рангиран на 46-та позиција. Тој исто така стана и најдобриот бразилски тенисер во моментов, со што го освои врвот на домашната ранг листа.
Бразилците чекаа на победа во тенисот уште од 2001 година, кога беше и последниот пат еден Бразилец да триумфира на Мастерс турнир. Тогаш тоа беше Куертен кој го освои Синсинати, а сега е нивната нова млада тениска надеж, Фонсека го освои Базел.
Бидејќи сè почесто се зборува во тениската јавност кој е оној кој ќе биде “третиот” за Синер и Алкараз, како што Ѓоковиќ се појави во ривалството на Надал и Федерер, можеби токму Фонсека ќе биде тој што ќе го понесе тој примат.
Тој победата ја посвети на својата мајка, која во последен момент успеала да фати лет и да дојде да го бодри во Швајцарија. Тие дури и споделија симпатичен момент после победата за време на фотографирањето, нешто што може да резонира со сите тинејџери на планетата 🙂
João Fonseca’s mom kissing his cheek for a family trophy photo
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) October 26, 2025
His reaction 😭😭😭😭
pic.twitter.com/7v0gFWPVI4


