1.8 C
Skopje

Ѓоковиќ: “Не планирам да се пензионирам, се инспирирам од Леброн и Роналдо!”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот тенисер за време на медија должностите на турнејата во Саудиска Арабија, искрено зборуваше на повеќе теми, меѓу кои и постојаниот притисок и прашањето кога планира да се пензионира.

Тој искрено одговори дека тоа нема да биде наскоро: “Сакам да видам колку далеку можам да одам. Гледајќи го глобалниот спорт, гледајќи ги Леброн Џејмс, Роналдо како играат во нивните 40-ти е навистина инспиративно. Тоа е една од мотивациите кои ме држат да продолжам”

“Тенисот е предизвикувачки спорт и сакам да играм за да ја искусам промената. Така што да, некои сакаат да се случи, но нема да биде тоа наскоро”, додаде тој.

Српскиот тениски ас иако не е во својата најдобра форма, сепак би било неблагодарно да се каже дека не е сè уште во врвот на спортот. Дури и на својата возраст, тој редовно оваа сезона играше барем до полуфиналињата на големите турнири, што секако е успех само по себе дури и за далеку помладите колеги.

Инаку, Новак денес во мечот против Јаник Синер изгуби за влез во финалето, а самиот после поразот се пошегува дека мечот навистина брзо се завршил затоа што Синер едноставно бил предобар.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено