Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ после настапот на турнирот во Шангај, каде изгуби во полуфиналето од сензацијата Вашеро, изјави дека не планира во блиска иднина да се пензионира, но сепак сè почесто откажува настапи на Мастерс турнирите со цел да ја зачува својата форма.
Сега Новак го откажа и настапот во Париз, каде досега ја има освоено титулата дури седум пати.
“Драг Париз, за жал нема да можам да се натпреварувам оваа година. Таму имам одлични спомени и успеси низ годините, особено затоа што ја освоив титулата седум пати. Се надевам дека ќе се видиме идната година”, напиша Ѓоковиќ.
Мастерс турнирот во Шангај беше многу напорен и за многу помладите тенисери, а голем дел од нив се жалеа на топлото време и огромната влажност, поради која често доживуваа грчеви и повреди на теренот.
Новак не беше исклучок, па најверојатно се потроши повеќе од планираното таму, поради што ќе мора извесен период да помине на рехабилитација и одмор пред повторно да го видиме назад на терените.



