12.8 C
Skopje

Ѓоковиќ со кам-бек до нова победа во Шангај!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите тренери на денешницата, а дури ни на 38 години тој не престанува да биде закана за помладите колеги каде и да се појави.

Денес на турнирот во Шангај, во рамките на третото коло, тој го совлада Германецот Јаник Ханфман со целосен кам-бек после изгубениот прв сет.

Во првиот сет Ханфман сигурно поведе со 6-4, но сепак Ѓоковиќ покажа дека не треба предвреме да биде отпишан, па успеа да се врати и да победи на мечот откако ги доби следните два сета со 7-5 и 6-3.

Сега тој останува во трка и за освојување на трофејот како еден од најголемите фаворити, откако учеството на турнирот го прекина Јаник Синер, кој на денешниот меч се здоби со повреда на ногата.

Претходно своето учество на турнирот поради рехабилитација од повреда го откажа и светскиот тенисер број еден, Карлос Алкараз, што само ги остава отворени патеките за уште една титула во бројната низа на српскиот тенисер.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено