16.8 C
Skopje

Марк Маркез сепак опериран, не се знае кога се враќа на патеките

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Од тимот на шампионот во МотоГП, Дукати Корс, денес известија дека Марк Маркез сепак подлегнал на операција за повредата на рамото. Како што известуваат од тимот операцијата на десното рамо поминала успешно.

Лекарскиот тим во Мадрид одлучил дека имобилизацијата не покажала доволно добри резултати, иако пред една недела даваа пооптимистички информации.

Сепак, со новата ревизија на повредата на клучната коска и штетата врз лигаментите, било одлучено дека Маркез мора да оди на операција со цел да се овозможи целосно заздравување на лигаментите.

Извор: https://motorcyclesports.net/

Марк веќе е дома после успешната операција, но не се знае колку време сега ќе му треба да се врати назад на патеките, иако првично беше најавено дека ќе отсуствува само во наредните две трки.

Тој веднаш по повредата упати апел да не се напаѓа Бецеки, кој после огромната грешка се судри со Маркез. Марк тогаш рече: “Ова не е најдобриот начин да се прослави шампионатот, но тоа е тркањето. Денес ќе одлетаме во Мадрид, каде докторите ќе ја евалуираат ситуацијата. Ве молам, без напади и лоши чувства кон Марко, никој не ги прави овие работи намерно”.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено