Медведев, Вашеро и Алтмаер во осминафиналето на Мастерсот во Париз

Објавено:

Возбудлив ден на “Ролекс Париз Мастерс”. Валентин Вашеро ја продолжи својата фантастична форма од Шангај и по речиси три часа игра го совлада својот братучед и финалист од истиот турнир, Артур Риндеркнеч, со 7-6(9), 6-3, 6-4.

Во следното коло, Вашеро ќе се соочи со Камерон Нори, кој приреди големо изненадување со триумфот над првиот носител Карлос Алкарас. Шпанецот до сега беше финалист на секој турнир од Мастерсот во Монте Карло па наваму.

Данил Медведев без да одигра сет се пласираше во осминафиналето, откако Григор Димитров се повлече поради повреда на мускулот од Вимблдон. Иако Димитров се врати порано од што очекуваше на терените, сепак се покажа дека можеби тоа не беше добра одлука, бидејќи сега повторно ќе треба да отсуствува.

Големо изненадување направи и Германецот Даниел Алтмаер, кој го елиминираше осмиот носител Каспер Руд со 6-3, 7-5. Норвежанецот се бореше за место на завршниот турнир во Торино, каде минатата година беше полуфиналист.

Денеска на тениското мени ќе бидат и вториот и третиот носител, Јаник Синер против Зизу Бергс и Александар Зверев против Камило Уго Карабели.

Турнирот во Париз е последниот Мастерс 1000 на сезоната во АТП календарот.

Следете нè: Facebook | Instagram | X 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено