Фермин Алдегер е новиот “Дебитант на годината” во Мото ГП, иако беше казнет по трката во Малезија и го загуби местото на подиумот во спринтот. Возачот на “BK8 Gresini Racing” беше симнат од треттото на седмо место поради прекршување на правилото за минимален притисок во гумите, но тоа не го спречи да ја запечати титулата за најдобар дебитант на сезоната.
“Пресреќен сум, затоа што ова беше една од нашите први и најважни цели”, изјави Алдегер за MotoGP.com. “Имаме наше мало шампионатче меѓу дебитантите, и забавно е да го освоиш тоа. Искрено, до Австралија и не размислував за ова. Сезоната е неверојатна и морам да им се заблагодарам на сите мои луѓе. Тие сигурно ќе уживаат повеќе од мене, но мораме да продолжиме вака”.
Impressing right off the bat 😎@Aldeguer54 is the 2025 #MotoGP Rookie Of The Year 🙌#MalaysianGP 🇲🇾 pic.twitter.com/YYoMjFNOVg
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 25, 2025
Младиот Шпанец призна дека на почетокот на годината се сомневал во себе. “Во февруари, на првата трка, мислев дека не сум подготвен да бидам Мото ГП возач”, откри Алдегер. “Другите дебитанти стартуваа подобро, јас бев далеку од врвот, но тимот веруваше во мене и тоа ни го донесе ова признание. Научив многу оваа година, ова е совршен почеток за остатокот од мојата кариера”.
Спринтот на патеката Сепанг му донесе и радост и разочарување. Алдегер се проби низ групата и заврши трет на целта, но по трката следуваше осумсекундна казна заради недоволен притисок во гумите. Тој подоцна откри дека мислел дека проблемот бил со сензорот, а не со гумите.
“За време на трката видов аларм и мислев дека сензорот не работи”, објасни тој. “Бев многу близу до останатите возачи и се обидував да ја покачам температурата и притисокот, но цело време мислев дека станува збор за грешка во сензорот”.
И покрај тоа, Алдегер ја заокружува дебитантската сезона со титула, со што се вброи меѓу ретките тинејџери што успеале да освојат признание во првата година во Мото ГП и најава дека иднината на Дукати и Гресини изгледа светла.
hi, it’s me. rookie of the year 😎 thanks for the support, let’s keep pushing! pic.twitter.com/Hsea0Rvrl0
— Fermín Aldeguer Mengual (@Aldeguer54) October 25, 2025


