Марко Бецеки ја претвори тешката сабота во ремек-дело. На студениот и ветровит Филип Ајленд, Италијанецот од Априлија повторно беше класа за себе и славеше со повеќе од три секунди предност. Втор спринт триумф во низа, на патека што не простува и најавa дека неделната трка ќе има нов главен лик.
Бецеки не тргна совршено, но чекор по чекор ја градеше победата. Раул Фернандез изгледаше стабилно напред, додека Алекс Маркез го имаше стартот на денот. Педро Акоста, Милер и Квартараро се најдоа зад нив, а галебите, буквално му го искомплицираа животот на Бецеки уште пред светлата да згаснат. Но токму од таму почна шоуто.
Со неколку потези од чиста тркачка интуиција, Бецеки го затвори јазот и девет круга пред крај му се залепи на задното тркало на Фернандез. Нападот следеше во вториот свиок, чист, прецизен и со печат на шампион. Од тој момент никој не можеше да го следи неговото темпо.
Bez claims another Sprint victory as @25RaulFernandez secures a stunning Aprilia 1-2! 💪🤝
A #TissotSprint to remember ✨🦘#AustralianGP 🇦🇺 pic.twitter.com/adpT3wwGFn
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 18, 2025
Финишот беше историски. Априлија со прв 1-2 во спринт трка, со Фернандез втор и Акоста трет, а за првпат оваа сезона на подиумот немаше претставник на Дукати. Милер и Ди Џанантонио завршија веднаш зад нив, разделени за само една десетинка.
Зад првите пет, Алекс Маркез падна на шесттото место по силниот старт, Квартараро беше седми, а бодови освоија и Марини и Еспаргаро. Пеко Бањаја доживеа катастрофа, 19-то место и забрзано топење на предноста во генералниот пласман, каде сега Бецеки му дише во врат со само осум поени разлика.
A tough #TissotSprint for Ducati who for the first time won't have a bike on the podium 👀#AustralianGP 🇦🇺 pic.twitter.com/XW2Ga4KH9x
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 18, 2025
Бецеки можеби ќе мора двапати низ “лонг-леп” во неделната трка како казна за инцидентот со Марк Маркез, но по она што го покажа во саботниот спринт, тоа изгледа само како уште еден предизвик.
Филип Ајленд доби свој нов херој, а Мото ГП сезонава добива свежа динамика.