Нори го запре Алкараз, но не можеше против сензационалниот Вашеро!

Објавено:

Валентин Вашеро продолжува да ја живее својата тениска бајка, победувајќи во десетти последователен меч на Мастерс турнирите, ако не ги земеме во предвид квалификациите со кои се пласираше на турнирот во Шангај.

Тој денес на Ролекс Мастерс турнирот во Париз го совлада Камерон Нори во меч кој уште еднаш покажа свежина на теренот и внимание кое за момент не е насочено кон врвот на АТП листата, туку на тенисери кои испишуваат нови сензации во своите кариери.

Вашеро го доби мечот во два сета, победувајќи со резултат од 7(7)-6(4), 6-4. Неговата игра повторно покажа карактер во моментите кога е најпотребно, па иако знае да направи грешки, тој успева да ги освои поените токму тогаш кога треба да се освои гемот.

Од другата страна на затворениот терен во Париз, тој го имаше денес тенисерот кој и самиот постигна сензација на овој турнир, спречувајќи го патот на Карлос Алкараз кон врвот. Со тој пораз сега првото место на Шпанецот е под ризик од неговиот најголем ривал Јаник Синер, кој доколку го освои трофејот, во понеделник ќе се врати на првото место на АТП листата.

Но, гледајќи ги во последно време игрите на послабо рангираните тенисери на Мастерс турнирите, не би требало да се избрзува со крунисување на Италијанецот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено