Еден од поатрактивните Мастерс 1000 турнири на затворени терени е оној во Париз, а тенисерите се подготвуваат полека за финиширање на сезоната. Ролекс Париз Мастерс турнирот традиционално се одржува во Нантере, западно преградие на “Градот на светлината”.
Оваа година скоро сите големи имиња во тенисот ќе учествуваат во официјалното натпреварување, а неодамна само Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на турнирот поради рехабилитација.
Од турнирот објавија видео на кое се гледа како се подготвуваат терените, а играчите како Карлос Алкараз веќе почнаа да пристигнуваат. Во меѓувреме неговиот најголем ривал Јаник Синер сè уште игра на турнирот во Виена.
Court is ready, we’re good to go ☑️#RolexParisMasters pic.twitter.com/3mJyFUmwoq
— ROLEX PARIS MASTERS (@RolexPMasters) October 24, 2025
Интересно е што на турнирот се пласираа и двајцата братучеди кои го привлекоа вниманието со финалето во Шангај, каде Валентин Вашеро го победи роднината Артур Риндеркнеч во една од поемотивните завршници на турнир кои сме ги гледале во последните години, а двајцата би можеле да се сретнат во втората рунда во Париз.

Токму тие двајца денес учествуваа во извлекувањето на паровите кои ќе го започнат турнирот, а повторно носители на ждрепката беа Карлос Алкараз и Јаник Синер. Па така, доколку некој од братучедите стигне до третата рунда, таму ќе се сретне потенцијално со Алкараз.
Во горната половина се Алкараз, Руд, Фритц и Де Минор, додека во долната половина се Синер, Мусети, Зверев и Шелтон. Погледнете ги сите парови за стартот на Ролекс Париз Мастерс турнирот:




