Огнено крштевање: Николо Булега од Супербајк директно на МотоГП машината на Маркез!

Објавено:

Николо Булега е подготвен за огнено крштевање! Откако четири години доминираше во Светскиот Супербајк падок, италијанскиот возач викендов ќе дебитира во премиерната класа на Големата награда на Португалија во Портимао, како изненадна замена за Марк Маркез во тимот на Дукати Леново.

Враќањето на Булега во Гран-при падокот доаѓа по импресивните сезони 2024 и 2025 во Светскиот Супербајк, но тој нема илузии за предизвикот што претстои. „Навистина сум возбуден, прекрасно е што се враќам во овој падок и тоа во боите на Дукати“, изјави Булега за MotoGP.com пред да се качи на својот нов мотор. „Многу сум среќен за оваа шанса, но свесен сум дека ќе биде исклучително тешко.“

Главната пречка е недостатокот на време на патеката. И покрај тестот во Херез, Булега признава: „Извозев помалку од 30 круга. Разбирањето на овие прототипи, кои имаат многу работи што ги немаме на Супербајк, не е воопшто лесно.“

Наместо да брка резултати, возачот е фокусиран на примарната цел: „Овој викенд ќе го искористам за да соберам искуство и да уживам во возењето.“

Извор: https://www.phillipislandcircuit.com.au/

Преминувањето од Супербајк на МотоГП машина е познато како еден од најголемите предизвици во мотоспортот, факт што Булега веќе го почувствувал. Тој открива дека возењето на Дукати ГП25 бара целосна промена на пристапот и стилот, нема ниту еден аспект што останува ист.

Николò Булега е свесен дека прилагодувањето на МотоГП машината нема да биде брзо. Тој истакнува дека на брзите возачи им требаат „неколку години“ за да победат во премиерната класа, бидејќи моторот бара целосна промена на стилот на возење.

Причината лежи во огромните технички разлики меѓу Дукати Панигале V4 R (Супербајк) и прототипот Десмоседичи ГП25 (МотоГП). „Не станува збор за една работа, туку за по малку од сè“, објасни тој.

Клучните фактори кои создаваат „неверојатна разлика“ се:

  • Карбонски сопирачки
  • Уреди за старт (Holeshot devices)
  • Помоќен мотор
  • Целосно различна шасија
  • Различни гуми

Со оглед на тоа што „мора да смени сè“, целта на Булега за викендот е само да „разбере што треба да прави“ и да стекне искуство на прототипот.

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено