“Не можам да поверувам!”, беше изјавата на Раул Фернандез по победата на денешната трка на Филип Ајланд. Тој е петти различен победник по ред и тоа на спектакуларен начин. Шпанецот им приреди вистинска сензација на фановите на Филип Ајленд, возејќи совршена трка за својата прва победа во MotoGP и истовремено прва во историјата за тимот “Trackhouse”.
Второто место му припадна на Фабио Ди Џанантонио од “Pertamina Enduro VR46”, кој од десеттата стартна позиција се проби до подиумот, додека Марко Бецеки (Aprilia Racing) со двојна “лонг-леп” казна успеа да стигне до третата позиција, престигнувајќи го Алекс Маркез (BK8 Gresini Racing) во самиот финиш.
Перфектен старт за Бецеки
Секое стартување е важно, но ова беше клучно и Бецеки го изведе совршено. Италијанецот веднаш го освои првото место, со Фернандез и Педро Акоста (Red Bull KTM Factory Racing) зад него. Тројцата брзо се одвоија со предност од шест десетинки пред групата предводена од Квартараро.
На втората обиколка Бецеки ја доби нотификацијата за двојната казна, но реши да продолжи и да создаде разлика. На четвртата обиколка веќе имаше предност од 1.1 секунда, а дури на петтата реши да ја изврши првата казна, со што падна зад Фернандез и Акоста. Во меѓувреме, патеката стана сцена на две брзи излетувања – Жоан Зарко и домашниот херој Џек Милер го завршија својот настап рано, на големо разочарување на австралиската публика.
Despite the two Long Lap Penalties, it’s been a great day for Marco Bezzecchi 🥉#AustralianGP 🇦🇺 pic.twitter.com/CWa1Kw8bhy
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 19, 2025
Фернандез ја презема контрола
Откако Бецеки ја одработи и втората казна, падна на петтото место, додека Фернандез се зацврсти на чело со предност од над една секунда пред Акоста. Маркез му се приближи на тинејџерот од “КТМ” и на 16-та обиколка го престигна, но Шпанецот на врвот не попушташе.
На осум обиколки до крајот, Фернандез држеше стабилна разлика од три секунди, Ди Џанантонио се проби на третото место, а Бецеки на четвртото, обидувајќи се да стигне што повисоко по казните. На шест обиколки до крај, Безеки со одлучен потег го мина Акоста, но неговиот заостаток зад водечките беше веќе пет секунди.
Dreams DO come true! ✨ @25RaulFernandez and @TrackhouseMoto are #MotoGP winners! 🤩 #AustralianGP 🇦🇺 pic.twitter.com/xZST8QBQ3N
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 19, 2025
Финиш за паметење
Во последните кругови, Ди Џанантонио го престигна Маркез и се постави на втората позиција, но немаше доволно време да го загрози Фернандез. Бецеки, пак, во претпоследната обиколка го помина Маркез и ја освои третата позиција.
Последната обиколка беше чиста формалност, Раул Фернандез со совршен баланс и смиреност стигна до својата прва победа во кралската класа. “Trackhouse” го запиша своето прво злато во MotoGP, а младиот Шпанец покажа дека е подготвен за големата сцена.
Ди Џанантонио заврши втор со одлична втора половина на трката, а Бецеки трет со само 2.4 секунди зад победникот и покрај двете казни. Со ова, и по откажувањето на Багнаја, Бецеки се искачи на третото место во генералниот пласман.
Зад нив, Маркез мораше да се задоволи со четвртото место, Акоста беше петти, Лука Марини шестти, Алекс Ринс седми, а првата десетка ја комплетираа Бред Биндер, Енеа Бастијанини и импресивниот Пол Еспаргаро. Полесно е да се каже отколку да се направи, но Фернандез го направи тоа совршено.




