Сензационалните братучеди од Шангај, со нова средба во Париз!

Објавено:

Двајцата тенисери кои направија сензација стигнувајќи до финалето на Мастерс турнирот во Шангај, тогаш ги освоија симпатиите на спортската јавност со својата искрена радост и меѓусебна почит. Тогаш тоа беше прво финале и за двајцата братучеди, а сега во Париз тие ќе се сретнат многу порано.

Откако Артур Риндеркнеч вчера го совлада Мароцан во првото коло во тежок меч кој заврши со 7(7)-6(5), 7(7)-6(4) во сетови, тој ја помина првата рунда на АТП Мастерс 1000 турнирот.

Денес во првото коло својот противник го совлада и неговиот братучед, победникот од Шангај, Валентин Вашеро, кој го изненади далеку подобро рангираниот Јиржи Лехечка.

Тој го совлада фаворитот во прилично лесен меч со 6-1, 6-3 во сетови, со што го закажа дуелот со својот роднина во втората рунда.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено