Синер побогат за 4,5 милиони! Го совлада Алкараз за круната на “Шестте кралеви”

Објавено:

Јаник Синер втора година по ред го освојува ревијалниот турнир во Ријад, каде примарната мотивација за тенисерите е огромната парична награда, која е најмалку два пати поголема од било кој Гренд Слем турнир.

Тој во финалето го совлада својот најголем ривал Карлос Алкараз со 6-2, 6-4 во сетови, со што ја освои победничката премија од 4,5 милиони долари.

Овој турнир не влегува во официјалната статистика за дуелите меѓу нив, но секако на Синер ќе му годи победата за враќање на самодовербата во однос на нивните дуели, која беше малку разнишана откако изгуби во финалето на УС Опен со што му ја предаде првата позиција на АТП листата на Шпанецот.

Извор: https://x.com/janniksin

Сепак, овие двајца тенисери уште еднаш покажаа дека се повеќе од ривали, а си честитаа на играта со прегратка на мрежата по завршувањето на мечот.

Во другиот дуел денес за третото место, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му го предаде мечот на Тејлор Фриц, откако во првиот сет губеше со 7-6.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено