- Advertisement -
- Advertisement -
Јаник Синер неодамна беше запрашан од страна на новинарите кој актер би сакал да го глуми доколку некогаш во иднина се снима филм за него, на што Италијанецот одговори – Вил Смит.
Шегата стигнала до актерот, а тој на социјалните мрежи му порача на тенисерот дека го прифаќа предизвикот. За да биде поинтересно, Вил Смит сподели фотографија на која тој е фотошопиран како Јаник Синер, а покрај неа напиша “јас сум за!”.
Останува уште да видиме дали некогаш стварно ќе се реализира ваквата идеја, но во секој случај браво за двете страни кои направија да се насмееме на ваков тмурен ден.
