Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да може да ја одбрани титулата во Шангај, откако на денешниот меч против Талон Грикспур доживеа повреда после која мораше да го напушти теренот.
Уште од самиот старт на натпреварот се водеше жестока битка за секој освоен поен, но во третиот сет второрангираниот светски тенисер почувствува болка, по што почна да куца.
The video of the physio helping Jannik Sinner walk to his chair before retiring from the match in Shanghai.
Really tough scenes to watch.
Come back stronger. ❤️🩹
pic.twitter.com/JqrLYNDQ5M— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) October 5, 2025
Во моментот на откажување, резултатот на мечот беше 6(3)-7(7), 7-5, 3-2 во корист на Французинот.
Претходно својот настап на турнирот во Шангај го откажа и Карлос Алкараз кој мораше да се повлече после повредата на глуждот со која се здоби на турнирот во Токио. Ова беше можност за Синер да се приближи повторно кон врвот на АТП листата, но сепак работите и после Шангај ќе останат непроменети.