Уште три победи го делат Јаник Синер од враќањето на врвот!

Објавено:

Откако моменталниот носител на првата позиција на АТП ранг листата, Карлос Алкараз, испадна од Мастерс турнирот во Париз уште на првиот настап, се отвори можност за Јаник Синер да си ја врати повторно позицијата на врвот.

Турнирот во Париз е последен од АТП Мастерс турнирите за сезоната, па иако сите очекуваа Алкараз со сигурност да ја заврши годината на првото место, сега работите не изгледаат толку едноставни.

Италијанецот вечерва во осминафиналето без проблеми го совлада Аргентинецот Франциско Серундоло со 7-5, 6-1 во сетови, па нему ќе му бидат потребни уште три победи до крајот на турнирот за кревање на трофејот и враќање на врвот.

Синер кој претходно беше светски рекет број еден, го изгуби местото од Алкараз после поразот во финалето на УС Опен во дуел кој беше само еден од многутте финалиња кои ги гледавме меѓу нив оваа година.

Во другите мечеви од денешниот ден, бранителот на титулата Александер Зверев го совлада Шпанецот Алехандро Давидовиќ со 6-2, 6-4 во сетови, а Алекс де Минор со иста леснотија помина преку ривалот Качанов (6-2, 6-2).

Изненадување на денешниот ден беше поразот на Американецот Тејлор Фриц, кој по тежок меч забележа пораз од тенисерот од Казахстан, Александер Бублик со 7(7)-6(5), 6-2 во сетови. Неговиот сонародник, Бен Шелтон, исто така играше тежок меч, но во него тој излезе како победник против Рублев, со победа од 7(8)-6(6), 6-3 во сетови.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено