Формула 1 светот со нетрпение ја очекува 2026 година и големите промени во регулативите, а дечките од „Formula Addict“ веќе направија одлична симулација која ни доловува како би изгледале трките со новите перформанси на болидите.
За новите регулативи и аеродинамичниот изглед на болидите веќе пишувавме неколку пати, но оваа симулација оди чекор подалеку и ни прикажува како тие би се однесувале на најтесните улици во календарот – оние во Монако. Видеото брзо стана вирално меѓу фановите, нудејќи прв вистински поглед во иднината на најбрзиот циркус во светот.
Повеќе драма, но и повеќе „отскокнување“?
Првичните реакции на фановите по социјалните мрежи се поделени, но сите се согласуваат за едно – болидот изгледа многу понемирен. Според коментарите, новите модели отскокнуваат значително повеќе во споредба со оние што ќе ги гледаме во 2025 година. Сепак, токму таа нестабилност во комбинација со новите мотори и активната аеродинамика треба да донесе повеќе брзина на правците, повеќе драма и конечно повеќе претекнувања дури и на патеки како Монако.
First look at the F1 2026 car in action
— FORMULA ADDICT (@Formuladdict) December 19, 2025
🤝 @fia pic.twitter.com/kd6lDh3nzD
Погледнете го видеото и споделете ги вашите коментари со нас. Што мислите, дали новите правила ќе ја направат Формула 1 позабавна и понепредвидлива во 2026 година?
Следете нè: Facebook | Instagram | X



