Спортска Станица: Најдоброто за 2025 година!

Објавено:

Годинава што изминува е многу значајна за нас, затоа што после неколку години планирање и работа, дојде моментот да ви се претставиме и вам, читателите. А, она што нè изненади е топлиот пречек во етерот, и огромниот број од вас кои ја препознаа нашата чиста љубов кон спортот и ни се придружија на нашата платформа. Ви благодариме на сите!

Им благодариме и на сите оние кои изминатава година решија да бидат дел од ова движење на ширење на вистинска спортска култура и со своите статии ја збогатија Спортска Станица. Благодарност до Горан, Марија, Бојан… Благодарност и до оние кои во нашиот блог простор ги споделија своите искуства за сите да може да ги прочитаме. Огромно фала и браво за Деко кој сподели искуство за МТБ турата на Доломити, триатлонецот Боки за Ајрон Мен, фитнес и јога инструкторката Емилија, Мартин од Некст Тајм кој ни раскажа за неговата спортска страна и пасија, Ерол и Ерхан кои ни споделија за моќната врска меѓу кафето и спортот, одличните триатлонци од Три Дисциплини од Струга… Вашите приказни се оние кои мотивираат и инспирираат. Ви благодариме од срце што го збогативте македонскиот интернет простор со незаборавни спортски содржини.

Им благодариме и честитаме и на сите наши спортисти за успесите во изминатава година, на навивачите кои ги бодрат и на сите кои се залагаат да имаме една поубава спортска иднина во Македонија!

Па, да не должиме многу, ова се приказните кои нашата редакција ги издвојува за 2025 година:

Прочитајте ги повторно приказните кои ја обликуваа нашата 2025!

Нашиот серијал за предлози во македонската репрезентација „Досие Спортска Станица“.

Сите, ама буквално сите статии од нашето омилено „Детско Катче“. Оваа категорија е токму она поради кое постоиме, па со огромна љубов ги споделуваме сите вести за нашите млади спортски надежи. Воедно и ве покануваме сите кои имате да споделите убава детска спортска приказна, да ни пишете за да ја споделиме.

Три години од спектакуларната победа во Палермо

Сонот за едно Светско и реалноста на едно Европско првенство

(Колумна) Феникс од пепелта во Кардиф: Главата горе херои, сонот сè уште е жив!

Нашиот серијал за „Историјата на сите клубови од Премиер лигата“

Серијалот на пријателот на Спортска Станица, Горан Талевски Македонија на Европските првенства во ракомет

Критичките, но искрени осврти онаму кадешто критиката беше потребна. Истите може да ги прочитате во „Наша Перспектива“.

Згаснувањето на легендарната Имола: Уште една трка по парите

Згаснувањето на уште една легенда: Модерниот фудбал го проголта и „Сан Сиро“

И за крај, ви споделуваме дел од убавите спортски приказни кои ги пишуваме со особено задоволство. Можеби овие клубови, играчи и навивачи не се суперѕвезди, но нивните приказни се оние од секојдневието, оние за чистата љубов и оние кои вистински нè инспирираат.

Херојот на Овиедо им пееше на навивачите!

Бразилскиот карневал е шармот на Светското клупско првенство

Буенос Аирес, светскиот главен град на фудбалот: Храмови на страста и незаборавната атмосфера

Фудбалска бајка на северот: Мјабли – шампионите од рибарското село!

(Видео) Ежење: Слушнете како грми “Flower of Scotland” со гајди!

Шведска руши рекорди: 100.000 повеќе навивачи на стадионите!

Најголемото навивачко ривалство во Македонија: Чкембари vs. Комити

На денешен ден е роден БОГОТ НА ФУДБАЛОТ: Бесмртната приказна за Диего Армандо Марадона!

Срце поголемо од градот: Навивачите на Закхо ја освоија наградата „Најдобри навивачи“ за 2025!

Бодо/Глимт: Кога романтиката го победува модерниот фудбал

Потеклото и приказната на славниот банер на Енфилд

Каква тениска бајка, какво финале! Вашеро е шампион во Шангај!

Ви благодариме од срце! Ви посакуваме пријатни празници и повеќе верба во убавите спортски приказни во 2026 година!

Спортски поздрав,

Тимот на Спортска Станица

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено